Усман Дембеле е исто така против Севиља започна на клупата, но по повредата Лионел Меси доби шанса да влезе во игра од средината на првиот дел.
Талентираниот Французин во Барса пристигна како скапо и големо засилување од Борусија Дормтунд и имаше навистина добри игри во дресот на каталонскиот клуб, на 12 натпревари постигна пет гола оваа сезона. Сепак, тој не беше стартер во ниту еден натпревар.
Вчера му беше дадена шанса да игра откако Меси ја повреди десната рака, но неколку добри потези и акции не му помогнаа на Дембеле на теренот.
Домашната публика му свиреше во разни интервали, само не е познато зошто тој не е многу популарен кај навивачите на каталонскиот клуб.
Поради повредата на Меси, се очекува Дембеле да игра против Интер и Реал Мадрид наместо Аргентинецот.