Томас Парти неодамна стана нов играч на Арсенал.
Во последните моменти од преодниот рок, лондонскиот клуб го купи овој играч за врска од Атлетико и тој ќе го носи дресот на Арсенал во наредните години.
Фудбалерот од Гана веќе го позајми дресот со број 18, а наместо презимето Парти, на дресот стои Томас.
Новинарите беа заинтересирани зошто тој се решил на ваков потег.
„Ја започнав својата кариера со Томас на дресот и луѓето веќе се запознати со тоа, па затоа решив и тука да го ставам името на дресот“, рече Парти.
Парти играше за Атлетико во изминатите пет години, а претходно играше за Мајорка и Алмерија.