Сосема заслужено, Роберт Левандовски беше избран за најдобар играч на светот.
Големиот Полјак синоќа ја доби наградата за најдобар на ФИФА, која им се доделува на најдобрите фудбалери во светот.
Го следеа Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Прославениот бугарски напаѓач Димитар Бербатов го прокоментира целиот избор.
“Изненаден сум што Роналдо и Меси се меѓу финалистите. Не можам да разберам зошто се тука”, се прашува легендарниот напаѓач и додава.
„Фудбалот е бизнис и зад сцената, има агенти.
Тој посочува дека Левандовски заслужено го доби признанието.
“Секогаш постои кавга за тоа кој е најдобар, но оваа година не беше. Левандовски беше без конкурент”, рече Бербатов.