Џејдон Санчо денес не беше дел од Борусија Дортмунд на дуелот против Фрајбург.
Одличниот англиски фудбалер честопати се поврзуваше со напуштање на клубот. Манчестер Јунајтед покажа сериозен интерес, а со оглед на тоа што се зборува за заминување, германските новинари беа заинтересирани зошто тој не е во тимот.
Спортскиот директор на Борусија, Михаел Зорк ги отстрани сите дилеми и рече дека Санчо не оди никаде.
“Џејдон Санчо е наш играч. Тој има долгорочен договор и не игра денес затоа што беше болен. Не станува збор за трансфер”, изјави Зорк.
Малку е веројатно дека нешто ќе се промени до крајот на преодниот рок, кој завршува во понеделник.