ФУДБАЛ

Зошто се случи „распадот“ на Сити? Гвардиола го повторува истото секој ден!

Невидената криза во Манчестер Сити продолжи, а менаџерот Пеп Гвардиола на денешната прес-конференција продолжи да ги повторува причините за киксовите на до неодамна најсилниот тим во светот.

Манчестер Сити победи само на еден од последните 11 натпревари. Од тоа забележа уште две нерешени и дури осум порази, што е најголемата криза во кариерата на Пеп Гвардиола. Причините за распадот на до неодамна најсилниот тим на светот се многубројни, но Пеп Гвардиола продолжи да го повторува истото и на денешната прес-конференција во пресрет на дуелот со Астон Вила.

Според Гвардиола, Сити ќе се врати на триумфалните патеки, но и дека единствена причина е серијата повреди кои го потресуваат тимот од почетокот на сезоната. Шпанскиот стручњак повторно го упати извикот:

-Ќе се вратиме, знам дека повторно ќе бидеме старите. Она што го сакам се моите играчи, ги сакам назад. Ова е одличен тим, но проблемот е што го немаме тимот. Проблемот не е дали се добри или лоши, не е важно, проблемот е што ги немаме, изјави Гвардиола.

Новата повреда во тимот е на најважниот дефанзивец на тимот Рубен Диас, кој ќе отсуствува најмалку четири недели. Утрешниот дуел против Астон Вила ќе го пропуштат најдобриот светски играч Родри, дефанзивците Мануел Аканџи и Нејтан Аке, како и офанзивниот играч Оскар Боб. Неколку други играчи се под знак прашаник.