КОШАРКА

Ѕверско забивање на Гордон, Денвер со Божиќ за паметење (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер имаа Божиќ за паметење. По голема драма победија против Феникс Санс по продолжение 128:125.

Со ова Нагетс стигнаа до 21. триумф сезонава и ја држат лидерската позиција на Западот.

Одлична вечер имаше и Арон Гордон кој додаде 26 поени на 41 поен на Јокиќ во трипл-дабл учинокот на српскиот кошаркар.

Посебен момент кој ја разнесе публиката беше забивањето на Гордон на 25 секунди пред крајот на продолжението за 126:123.

Погледнете како го направи тоа:

НБА резултати недела кон понеделник

Голден Стејт – Мемфис 123:109

Денвер – Феникс 128:125