Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд е голем борец против сиромаштијата и со своите хуманитарни активности еднаш го привлече вниманието на кралицата.
За време на корона вирусната пандемија, одличниот фудбалер на Манчестер Јунајтед го сврте вниманието на маките на децата во Англија и се залагаше да добијат топол оброк бесплатно.
Но, тоа не е сè. Неговиот брат откри дека во неколку наврати додека возел низ улиците на Манчестер, им давал пари на децата и на бездомниците низ прозорецот на автомобилот, иако го предупредил дека не е безбедно да се запре со автомобилот.
Маркус Рашфорд во неколку наврати изврши и политички притисок, односно ја нападна конзервативната влада во Лондон поради нејзината неуспешна социјална политика.
Тој потенцираше дека околу 1,7 милиони деца во неговата земја легнуваат гладни и дека е незамисливо тоа да се случи во богата земја како што е Велика Британија.
Доби почесен докторат на Универзитетот во Манчестер за неговата работа против детската сиромаштија, а од минатата година е „член на Орденот на британската империја“.