ФУДБАЛ

Ѕвезда на Манчестер Сити сместена во најозогласениот затвор, стравува од навивачите на Манчестер Јунајтед

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди ги помина божиќните празници во Стрејнџвејс, еден од најстрогите и најозлогласените затвори во Велика Британија, каде ќе остане и во иднина.

Станува збор за затвор во кој затворениците се категоризираат како опасни, а Менди бил таму не затоа што е еден од нив, туку токму спротивното, од страв дека му е загрозена безбедноста.

Овој затвор еден од најстрогите затвори во Англија и е опремен да се справи со сите потенцијални проблеми, а дополнителна непријатност за Менди би можеле да бидат навивачите на Манчестер Јунајтед, кои во голем број се сместени во тој затвор.

„Сан“ пишува дека го очекуваат провокации и потенцијални проблеми, особено што е обвинет за сексуални злосторства. Британскиот таблоид открива дека на истото место бил префрлен и второобвинетиот Луис Саха Матури.

Сан додава дека истрагата спроведена во септември минатата година покажала дека повеќето затвореници се затворени 22 часа на ден, па нема да имаат многу време и простор за други активности.

Менди се соочува со шест точки од обвинението за силување и една точка за сексуален напад, во кои се вклучени четири жени на возраст над 16 години кои поднеле тужба.

Манчестер Сити го суспендираше 27-годишниот лев бек во август, а клубот тогаш соопшти дека го сторил тоа бидејќи е започнат правен процес. Сето ова се случуваше во периодот од октомври 2020 до август 2021 година, а штом оваа вест се појави во медиумите, Манчестер Сити излезе со официјално соопштение со порака дека Менди е суспендиран.

Менди пристигна во Манчестер Сити од Монако во 2017 година и оттогаш освои три титули во англиската лига. Неговото следно судење е закажано за 24 јануари.