Ново-стариот шампион во Србија носи искусен дефанзивец од Шпанија.
Како што известува „Mozzart sport“, Звезда го заврши доаѓањето на стоперот од Рајо Валекано, Галвез.
Наводниот бранител доаѓа утре во Белград а во вторник оди на медицински прегледи, по што следи потпишувањето на тригодишен договор.
Зоран Стојадиновиќ, поранешен спортски директор на Звезда, наводно е клучот во овој трансфер, и всушнотст тој ги спои 30-годишниот Галвез со Звезда.
Галвез, исто така, имаше повик од Лас Палмас, каде што играше на заем, но тој го прифати повикот од Звезда, и не е познато колку ќе заработува на Маракана.
Во својата кариера имал шанса да игра против најголемите играчи како Лионел Меси.
Се разбира, Звезда како и секоја сезона има големи амбиции во Европа, па затоа доаѓањето на Галвес во таа смисла значи многу.