Вечерва низ Европа се одиграа девет реванш натпревари од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, а фаворитите горе-долу ги оправдаа очекувањата.
Вечерва во Белград, фудбалерите на Црвена Звезда мораа да надоместат загуба од еден гол против Каират, со оглед на тоа што беа поразени со 2:1 во првиот натпревар на овие екипи.
Вечерва не само што успеаа во тоа, туку го почестија својот ривал со петарда во мрежата, славеа со 5:0!
Веќе по првите 45 минути прашањето за победникот беше решено. Звезда водеше со два гола на Катај и Диони со 3:0, а потоа во листата на стрелци се запишаа Иваниќ и Фалко.
Тимот на Дејан Станковиќ го очекува дуел со Шериф од Тираспол во следното коло.
Што се однесува до другите резултати, немаше поголеми изненадувања. ПСВ славеше и вечерва против Галатасарај со 2:1 и со тоа отиде понатаму со севкупните и високи 7:2.
По нерешениот резултат на првиот натпревар, Митјиланд и Селтик го повторија резултатот по 90 минути, беше 1:1, а по продолженијата, Норвежаните отидоа понатаму.
Голот вреден за елиминирање на Шкотите го постигна Ојнедика.
Клуж беше подобар и од претставникот на Гибралтар, Линкон со 2:0 на реваншот, Мура загуби на гостувањето во Лудогорец со 3:1, додека Јанг Бојс го потврди поминувањто против Слован (3:2).