Црвена Звезда синоќа на „Маракана“ оствари сензационална победа над Ливерпул во четвртото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
Звезда оваа сезона по години и години чекање се врати во елитното клупско натпреварување, а синоќа со 2:0 успеа да го надигра големиот Ливерпул, па дури и ги задржи шансите за пласман во нокаут фазата.
Победа над Ливерпул го подобри и коефициентот на Звезда на „УЕФА ранг листата“ и сега има 16,750. Интересно е дека Звезда сега е пред италијанскиот гигант Милан, кој сега е на 80. место на листата, додека “црвено-белите” на 79-то.
