Ѕвездата на холандскиот тим Ајакс, Дони Ван де Бек им открил на своите соиграчи дека се сели на „Олд Трафорд“. Тој ги пропушти двете пријателски средби против Унион Берлин и Ајнстрахт Франфурт, за да ги заврши деталите во преговорите.
Ова го потврди и тренерот на Ајакс, кој сепак не го спомна клубот. Но, тоа ќе биде Манчестер Јунајтед според сите холандски медиуми. За Ван де Бек интерес имаше од Реал Мадрид, Барселона, но и Баерн Минхен.