ФУДБАЛ

Ѕвездата на Баерн како да заборави дека доаѓа во ледениот Минхен (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн вчера го освоија трофејот за најдобра екипа на светот.

Баварците го совладаа мексиканскиот Тигрес со 1:0 во финалето на Светското клупско првенство во Доха, а единствениот погодок го постигна францускиот фудбалер Бенјамин Павард.

Тимот се упати дома веднаш по финалето. Од пријатни 20 степени во Катар, тие мораа да одат на голем минус во Минхен, а Павард како да заборави на тоа.

Дефанзивецот на Баерн излезе од аеродромот во маица, а температурата тогаш беше 13 степени Целзиусови.

Остатокот од тимот имаше повеќе или помалку соодветна облека и вистинска среќа е што автобусот беше токму на излезот.