ФУДБАЛ

Ѕвездата на Барса го продолжи договорот: Невообичаено видео и клаузула од цели милијарда евра

Барселона ги израдува навивачите со конечно добра информација и потврди дека Роналд Араухо ќе остане во клубот.

Уругвајскиот дефанзивец оваа сезона се наметна во првиот тим на Барселона и покажа дека е играч на кој каталонскиот клуб може да смета во иднина.

Араухо воодушеви со своите настапи оваа сезона и јасно е дека е многу талентиран одбранбен играч. Затоа Барселона не сакаше да ризикува и веднаш започна преговори за нов договор.

На крајот, каталонскиот клуб потврди дека Араухо се согласил да остане во клубот и потпишал нов договор кој ќе трае до летото 2026 година.

Исто така, Араухо во договорот ќе има откупна клаузула од дури една милијарда евра која ја имаат уште Педри и Ансу Фати.

Араухо во досегашниот тек од сезоната за Барселона одигра 39 натпревари во сите натпреварувања и постигна четири гола. Тој во каталонскиот клуб пристигна од уругвајскиот Бостон во летото 2018 година за речиси пет милиони евра.