Младиот фудбалер на Борусија Дортмунд Џуд Белингем најпрвин објави твит во врска со можноста за негов трансфер во Ливерпул, но набрзо се „покаја“.
Белингем е еден од најталентираните играчи во Европа и овој само 18-годишен играч од средниот ред неодамна почна да се поврзува со различни клубови, вклучувајќи го и Ливерпул.
Откако „FourFourTwo“ ја објави приказната дека великанот од Енфилд го посакува, младиот англиски репрезентативец на твитот на магазинот објави гиф во кој слатко се насмеа на целата трансфер приказна.
Очигледно, Борусија веднаш му порачала дека на ниту еден начин не треба во јавноста да коментира за трансфер приказни, поради што морал да се покае и да го избрише твитот.
Белингем потекнува од Бирмингем, но минатото лето потпиша за Борусија за 11 милиони евра и за која веќе успеа да забележи 10 натпревари во Бундеслигата и да постигне два гола со три асистенции минатата сезона.
Очигледно Ливерпул се добро запознаени со неговите квалитети и јасно е дека ќе се обидат да го доведат во некоја блиска иднина, но веројатно ќе имаат жестока конкуренција во форма на други европски великани.