Антони Марсијал не го криеше задоволството кога Жозе Мурињо го напушти Манчестер Јунајтед пред неколку години бидејќи не играше додека португалскиот стручњак беше тренер на оваа екипа.
Марсијал пристигна во Манчестер Јунајтед летото 2015 година кога имаше само 20 години. Францускиот напаѓач дојде од Монако за 60 милиони евра и од него се очекуваше многу на „Олд Трафорд“.
Сепак, јасно е дека не ги оправда очекувањата и како што стојат работите во зимскиот преоден рок, најверојатно ќе ги напушти „црвените ѓаволи“.
Марсијал имаше многу чудни фази во Јунајтед, особено кога тренер беше Жозе Мурињо. Во еден момент беше далеку од првиот тим, а не го криеше задоволството кога Португалецот доби отказ на крајот на 2018 година.
На многумина не им беше јасно зошто Мурињо не го обожаваше францускиот напаѓач, кој потоа најголемиот дел од натпреварите ги следеше од клупата за резерви.
Сепак, неколку години подоцна се чини дека Мурињо конечно го даде одговорот на тоа прашање. Тој призна дека Марсијал и испратил фотографии на својата ќерка Матилда, која исто така е родена во 1996 година, како и Французинот.
Сепак, очигледно е дека на португалскиот стручњак не му се допаднало тоа што играчот на Јунајтед се обидувал да ја заведе неговата ќерка и на крајот тоа навистина силно го погоди.
„Кога бев во Манчестер Јунајтед се сеќавам дека Ентони Марсијал и праќаше чудни и непримерни фотографии на ќерка ми. Се јавив на мајка му и и кажав што се случува и набрзо се беше решено“, изјави Мурињо.
Jose Mourinho:
🗣"When I was in Manchester, Anthony Martial sent weird pictures to my daughter, I told his mother about it and it was settled." pic.twitter.com/SGzcMX21J0
— Players Sayings (@PlayersSayings) January 18, 2022
Откако Мурињо замина во Јунајтед, пристигна Оле Гунар Солскјер, Марсијал имаше значително подобра минутажа, но тој не беше многу познат по своите игри и сега е со една нога надвор од Олд Трафорд.