Мејсон Гринвуд нема да бидие во составот на Манчестер Јунајтед за гостинскиот натпревар против Кристал Палас, во четврток.
Ова е лоша вест за Оле Гунар Солскјер, откако младиот покажува одлична форма по рестартирањето на фудбалот во Европа и по секоја веројатност Даниел Џејмс ќе започне на негово место.
Повредата на Англичанецот дојде откако стрелецот имаше тежок дуел со играчот од средниот ред на Саутемптон – Ориол Ромеу.
На натпреварот, Светителите земаа бод на гостувањето кај „Олд Трафорд“ со гол постигнат доцна во додаденото време на Мајкл Обафеми.