ФУДБАЛ

Ѕвездата на Јунајтед: Во соблекувалните научив што се случило

Повторно расизам и повторно на фудбалските стадиони. Овој пат тоа се случи за време на дербито меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед. Жртва беше играчот од средниот ред на „црвените ѓаволи“, Фред. Бразилецот беше навредуван во текот на целиот натпревар од страна на навивачите кои правеа гестови како мајмуни.

Во интервјуто за „ЕСПН“, Фред го коментираше она што се случи и цврсто ги осуди овие епизоди.

„За жал, живееме во заостанато општество. Штета е што расизмот сè уште постои во 2019 година“, рече тој.

„Не видов ништо на полето за играње. Научив сè само кога бев во соблекувалната. Моите соиграчи ми кажаа што се случило. Исто така научив дека фрлиле запалка кон мене“.

Бразилецот е единствениот играч кој претрпе расистички напади. Неговиот сонародник, Тајсон, во исто време е исто третиран во Украина.

„За жал, овие работи се случуваат на некои стадиони. Се случи тука, се случи во Украина со некои пријатели. Тоа е тажно, но мора да ја држиме главата горе и да заборавите на тоа. Не мора да обрнуваме внимание на расистите. Разговарав со судијата по натпреварот, тие ќе направат нешто околу тоа“.

Потоа, дојде една прекрасна порака за заедништво.

„Ние сме еднакви, сите. Без оглед на бојата на кожата, косата или полот. Среќен сум што имам многу пријатели кои ме поддржуваа, како Jеси Лингард. Сега не сакам да размислувам за тоа. Сакам да го надминам тоа“, заврши Фред.