Адриен Рабиот заработи повреда на утринскиот тренинг на Јувентус.
Додека играчите на Старата дама си играа „шева“ во центарот, топката отиде кај Рабиот, кој непотребно беше „одземена“ од Диего Страмачони, членот на Јувентус до 23 години, кој поради недостиг на играчи имаше можност за тренирање со првиот тим.
Рабиот само врескаше и падна на тревата, па сега вистинското прашање е за каква повреда се работи и очигледно веќе ослабениот ростер на италијанскиот великан ќе загуби уште еден член пред важниот меч со Виљареал во Лигата на шампионите во вторник навечер.
Diego Stramaccioni van de U23-ploeg traint in verband met de vele afwezigen van het eerste mee met de selectie van Juventus.
Na vijf minuten in de rondo torpedeert hij Adrien Rabiot.
Ik zeg, zet Stramaccioni maar in de basis morgenavond 😍
— Wesley Victor Mak 🇮🇹 (@WesleyVictorMak) February 21, 2022
Францускиот репрезентативец оваа сезона одигра 21 натпревар во Серија А, додека во групната фаза од Лигата на шампионите забележа пет настапи. Има два настапи во Купот на Италија и еден во Суперкупот на Италија.
Ова се нови маки за тренерот Алегри, кој остана без Дибала, а под прашалник е и Даниел Ругани, но и некои други играчи.
Се на се, пред гостувањето во Виљареал, повредата на Рабиот му зададе нова главоболка на стручниот штаб на четвртопласираниот тим од италијанскиот шампионат.
Старата дама долго време е непоразена, но на последните два првенствени меча освои само еден бод, додека Виљареал е во нешто подобра форма во однос на следниот ривал.