Португалскиот фудбалер Бруно Фернандеш утрово доживеа сообраќајна несреќа во Манчестер. Англиските медиуми утринава објавија дека играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед имал сообраќајна несреќа, што набрзо го потврдила и полицијата. Бруно Фернандес бил во своето Порше Панамера и доживеал несреќа на пат кон тренинг центар во Карингтон. За среќа, Фернандез помина без посериозни повреди, исто како и останатите учесници во оваа несреќа. Сан пишува дека во автомобилот со Фернандез имало уште три лица, а за среќа никој од нив не е тешко повреден. Манчестер Јунајтед потврди дека Фернандеш доживеал несреќа, но соопшти дека денеска ќе тренира со другите соиграчи и дека се чувствува добро. Јунајтед веќе утре го очекува големо дерби против Ливерпул на „Енфилд“ и како што стојат работите Фернандеш ќе биде подготвен за мечот, но повеќе за сето тоа денеска ќе открие Ралф Рангник на прес-конференција.
