ФУДБАЛ

Ѕвездата на Реал која победуваше во секое финале никогаш повеќе нема да го облече дресот на кралевите!

Беше член на тимот на Реал во петте финалиња во Лигата на шампионите и секогаш славеше, но сега никогаш повеќе нема да го облече дресот на Кралевите.

Реал Мадрид по финалето на Лигата на шампионите остана без еден од своите симболи и без човек кој во последните 15 години го носи дресот на најголемиот клуб во светот.

Откако го крена најпрестижниот трофеј во клупскиот фудбал и славеше со соиграчите, тој се прости пред камерите.

Сега на најдобар можен начин заминува легендарниот бразилски дефанзивец. Со освојување на Лигата на шампионите. Тој се прости од Реал како што треба.

„Заминувањето од Реал со освојување на Лигата на шампионите и како играч со најмногу трофеи во историјата на клубот е неверојатна среќа за мене. Тажен сум што заминувам. Јас сум тука долги години, моето семејство е гордо“, изјави Марсело.ж

“Значи, решивме. Направив се што можев за клубот. Она што го разговаравме остануваат приватни работи. Сакав да останам овде цел живот, но јасно е дека тоа не е можно. Заминувам со Лигата на шампионите. Играв на високо ниво“.

“Се надевам дека добро ќе се забавувам пиејќи пиво. Треба да се забавуваме во финалето, полуфиналето, тренинзите. Работите одат брзо. А сега ќе имам околу 15 слободни денови”, изјави Бразилецот.

Марсело пристигна во Реал како 18-годишник, заминувајќи 15 години подоцна со вкупно 25 освоени трофеи. Тој е еден од ретките играчи кој во кариерата освоил дури пет Лига на шампиони.

ПОВРЗАНО

Лига на шампиони