Вчера се појави информација која ја пренесоа шпанските медиуми, за тоа како се подготвува големо предавство во Реал Мадрид.
Имено, Чави сака во својот тим да види актуелен играч на Реал Мадрид, кој не добива премногу простор за игра, а тоа е секако Марко Асенсио.
Неговиот договор со Реал Мадрид истекува на крајот од оваа сезона, а тој има можност како слободен играч да потпише за својот најлут ривал Барселона.
Со Анчелоти Асенсио е во сосема поинаков план и шансата да му биде понуден нов договор е многу мала.
По 26 години, еден фудбалер на тој начин би можел да го напушти Реал Мадрид и кариерата да ја продолжи во тимот на Барселона.
Асенсио вчера во интервју за шпански медиум мораше да зборува за интересот на Барселона, но избегна да каже дека сето тоа е нормално во светот на спортот.
Потоа беше запрашан дали може да каже дека никогаш нема да заигра за Барселона, а тој даде одговор кој не им се допадна на навивачите на неговиот сегашен клуб.
„Никогаш не размислував за иднината во Барселона, не знам како ќе биде. Навистина не знам, не можам да одговорам на тоа прашање во моментов“, рече Асенсио.
Асенсио пристигна во Реал Мадрид пред седум години од Мајорка и оттогаш забележа 239 настапи со педесет постигнати голови.
Доколку се пресели во Барселона, тој би бил првиот фудбалер по Луис Енрике кој од Реал Мадрид се преселил во Барселона.