Герет Бејл во Реал Мадрид пристигна пред седум години како големо засилување од Тотенхем. Се покажа дека Велшанецот е голем и одличен фудбалер, но во последните две години е во немилост на Зинедин Зидан. Бејл речиси и да не игра, а кога е на теренот, малата минутажа која ја добива, тој е исвиркуван од страна на навивачите.
Тој конечно се огласи за локалните медиуми.
-Се случува да ме исвиркуваат 80 илјади навивачи на стадионот бидејќи не играм добро. Прв пат беше па што е ова. Таквите работи сигурно не помагаат на вашата самодоверба. Не разбирам зошто тоа го прават? Ако на некој играч не му оди добро, навивачите би требало да застанат на негова страна и да му дадат поддршка за да биде подобар. Меѓутоа на мене ми се случува сосема спротивното, секој меч ме исвиркуваат и се чуствувам се полошо, вели Бејл.
Инаку, како што соопшти неговиот менаџер, Бејл не планира да замине додека не му истекне договорот и покрај тоа што Зидан очигледно не го сака во тимот.