Играчот од средниот ред на Тотенхем, Родриго Бентанкур вечерва имаше многу болно искуство.
Уругвајскиот фудбалер за среќа избегна сериозна повреда на мечот со Барнли бидејќи можеше ладно да ја скрши ногата или да ги скине лигаментите на коленото.
Бентанкур се упати кон Џош Браунхил. Овој го смени правецот, а Уругваецот се обиде да го следи.
Сепак, тешкиот терен му го оневозможи. Дошло до лизгање, изгубил контрола над нозете и завршил на тревата со болна гримаса на лицето.
Фудбалерот на Тотенхем успеа да го продолжи натпреварот и ќе видиме дали ќе има последици по натпреварот.
https://twitter.com/i/status/1496570554253516815