ФУДБАЛ

Ѕвездата повторно на тапет на УЕФА – „Маракана“ против Лајпциг нема да биде полна!

Ниту една натпреварувачка сезона во натпреварувањата на УЕФА не поминува, а Црвена звезда да не биде казнета од Дисциплинската комисија на „европската куќа на фудбалот“, а така е и овојпат.

Имено, УЕФА одлучи да го намали капацитетот на „Маракана“ за 10.000 места за натпреварот од четвртото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, во кој Црвена Звезда на 7 ноември го пречекува германски Лајпциг.

Причина за ваквата одлука е „дискриминаторското однесување“ на навивачите на Звезда на дуелот со швајцарскиот Јанг Бојс. Дополнително, „црвено-белите“ ќе треба да платат казна од 62.000 евра, 40.000 поради дискриминација на гостите и уште 22.000 поради блокирани патеки на трибините.

Поради дискриминација казнет е и ТСЦ од Бачка Топола, чии навивачи, според Дисциплинската комисија на УЕФА, направиле ист прекршок како приврзаниците на Звезда на натпреварот против Олимпијакос во Бачка Топола, а капацитетот на „ТСЦ Арената“ на натпреварот против Фрајбург во третото коло од Лига Европа ќе се намали за 1000 места.

ПОВРЗАНО

Лига Европа