Арсенал е заинтересиран летово да го доведе Габриел Хесус во своите редови.
„Топчиите“ во моментов се единствениот клуб кој испрати формална понуда за Бразилецот, која изнесува 50 милиони евра.
Според англиските медиуми, на Хесус не му пречи преселба на Емирати, а неговите агенти вршат притисок и врз челниците на Манчестер Сити да ја прифатат оваа понуда и да го пуштат во Лондон.
Тој би бил најскапото засилување ова лето за Арсенал и некој околу кој Микел Артета би ја градел играта на својот тим следната сезона.
Идејата на Габриел Хесус беше да им се даде предност на тимовите кои следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите. Интерес покажаа Атлетикок Мадрид и Јувентус. Но, немаше понуда слична на онаа на Арсенал.
Единствената формална понуда ја даде Арсенал, а на потписот на бразилскиот напаѓач инсистираше и самиот менаџер на клубот Микел Артета.
Габриел Хесус веќе даде позитивен сигнал за трансфер на Емирати. Фудбалерот сега се обидува да ги натера Манчестер Сити и менаџерот Пеп Гвардиола да се договорат за неговиот трансфер во текот на летниот преоден рок.
Бразилецот има договор со Сити до јуни 2024 година. Минатата сезона забележа 41 настап, со 13 гола и 11 асистенции.