ДРУГИ СПОРТОВИ

Четирипати по ред, Србија Европски шампион во ватерполо

Ватерполо играчите на Србија го освоија Европското првенство со победа над Шпанија! По 32 минути игра резултатот во финалето беше 7:7, а Србија, по изведувањето на пенали беше поуспешна со 5:3 и ја одбрани титулата.

Србија го победи домаќинот на турнирот во финалето во Барселона и по четврти пат последователно го освоија петтиот златен медал на Европското првенство во ватерполо.

Избраниците на Дејан Савиќ ги забележаа сите победи на турнирот. Во групата ја победија Романија 11:5, Русија 11:9 и Словачка 13:5, а како први во групата Д, беа слободни во осмина-финалето. Во четвртфиналето ја совладаа Унгарија со 8:5, а во полуфиналето Хрватска со 9:7.

Третото место во шампионатот го освои Хрватска, која ја победи Италија со 10:8. Ова беше првиот медал за Хрватска по осум години, а четвртиот вкупно.

Петтото место го освои Грција, шеста беше Црна Гора, седма Русија, а осма беше Унгарија.