Поранешниот светски рекет број еден, Енди Мареј ја постигна својата прва победа по два месеци.
Тој играше на егзибиционен турнир во Националниот тениски центар во Роамптон, а денес го победи Дан Еванс со 7: 6, 6: 4.
Ова беше прв натпревар за Мареј откако тој се повлече од натпреварувањето во Келн поради мускулни проблеми.
Мареј ќе се обиде да се врати во поранешната форма и сака да биде што е можно подготвен за Австралија опен.