Со победата над Хрватот, Марин Чилиќ, Роџер Федерер ја заврши групната фаза од Мастерс турнирот во Лондон.
Хрватот го освои првиот сет со тај-брејк 7-5, додека Федерер изедначи во вториот сет, кој исто така се играше рамноправо до десетиот гем и го доби со 6-4.
Во третиот, решавачки сет Швајцарецот со 6-1 убедливо беше подобар за конечни 2-1.
Федерер и пред ова имаше обезбедено место во полуфиналето.