„Бродовите не тонат заради водата што ги опкружува, туку заради водата што влегува во нив. Не дозволувајте тоа што ве опкружува да влезе и да ве влече на дното“, вака Новак Ѓоковиќ им возврати на сите оние кои последните период го критикуваат поради организацијата на турнирот, откако турнирот во Задар предизвика неколку заразени тенисери и членовите на нивните семејства.

Потсетуваме, тој и неговата сопруга Јелена се заразени со вирусот Ковид-19 и во моментов се наоѓаат во изолација. Освен двајцата, по турнирите во Белград и Задар, се заразија Виктор Троицки и неговата бремена сопруга, Григор Димитров и неговиот тренер, фитнес тренерот на Ѓоковиќ, Борна Чориќ…