ДРУГИ СПОРТОВИ

Голем број професионални боксери незадоволни од судењето на борбата Џошуа-Такам

Техничкиот нокаут на Ентони Џошуа над Карлос Такам беше исвиркан од публиката од 78.000 гледачи, откако судијата Фил Едвардс ја запре борбата во десеттата рунда.

Џошуа беше убедливо победник на поени, но во последните моменти од борбата, Такам, покажа сила дека сака да продолжи.

Голем број на професионални боксери се незадоволни од судењето на Едвардс и дека многу го штитат Џошуа.