Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа славеше на тенискиот турнир во Грузија во двојки заедно со Валерија Страхова. Тие во финалето беа подобри од Викторија Босио и Анџелика Моратели со 4-6, 6-4 и 10-5.
Како што може да се види од резултатот, двата пара победија по еден сет, но решавачкиот дури со 10-5 го добија Ѓорческа и нејзината партнерка.