На пистата Бурирам се возеа тренинзите за трката за Големата награда на Тајланд на МОТО ГП. Најбрзото време по завршувањето на втората сесија постави францускиот пилот Фабио Квартараро, со Јамаха Петронас, 1:30.404.
Оваа патека се чини како да одговара за јапонскиот мотор. На второто место е Маверик Виналес со Јамаха, а Франко Морбидели со Јамаха Петронас на третото место.
На шестото место е светски лидер, Марк Маркез со својата Хонда. Тој беше скоро половина секунда побавен од Квартараро. Сепак, неговиот главен ривал за титулата, Андреа Довизозо (Дукати), беше на осмото место.