Калин Ивановски обезбеди пласман во осминафиналето на тенискит турнир Вомблдон за јуниори откако го совлада мексиканецот Родриго Пачеко Мендез, кој во оваа конкуренција е 11-ти носител. Ивановски загуби само три гема во оваа пресметка.
За разлика од првото коло кога со пресврт дојде до победата, овојпат Ивановски буквално го разби противникот со 2-0 (6-1, 6-2).
Во осминафиналето ќе игра со подобриот од Едас Бутвилас (8 носител) и Озан Чолак.