Возачот на Гресини, Алекс Маркез, победи на денешната спринтерска трка пред Големата награда на Британија во Мото ГП.
Маркез победи со време од 21:52.317 минути.
Марко Бечеки од VR46 беше втор со заостанување од 0,366 секунди, а трет беше Маверик Вињалес од Априлија со 3,374 секунди.
Водачот во генералниот пласман Франческо Бања од Дукати беше 14-ти со 25.527 секунди заостанување.
Трката за Големата награда на Велика Британија започнува во недела во 13 часот, а Бечеки ќе стартува од пол-позицијата.
По девет трки Бањаја е прв во шампионатот со 194 бодови, Бечеки е втор со 167, а на третото место е возачот на Прамак Хорхе Мартин кој денеска беше шести со 163 бодови.
