Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го потврди учеството на претстојниот грен слем турнир Австралија опен. Ова го соопшти директорот на турнирот Крег Тајли.
-Разговарав со Надал. Тој го потврди своето учество и има намера да се врати во препознатлива форма, изјави Тајли.
За потсетување, Надал се соочи со повреди по САД Опен и е надвор од терените од септември.
Шпанецот во финишот на сезоната го загуби првото место на АТП листата каде сега се наоѓа Србинот Новак Ѓоковиќ