Новак Ѓоковиќ се најде во центарот на светската јавност откако среде пандемија со коронаивирус организираше тениски турнири во Србија и Хрватска. Особено проблематичен беше оној во Хрватска од кој неколку тенисери излегоа позитивни на Ковид 19, меѓу кои самиот Ѓоковиќ и неговата сопруга.
Еден од неговите најголеми ривали Рафаел Надал не сакаше досега да се изјаснува за ова, но конечно даде изјава.
-Секако дека беше грешка на организаторот да има турнири во Србија и Хрватска. Сепак, грешките се нормална работа, посебно кога се соочувате со ситуација со која претходно никогаш не сте се соочиле. Се надевам дека луѓето од примерот со Адрија тур ќе научат нешто и ќе ги носат најисправните одлуки, изјави Рафаел Надал.