Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, реши да му помогне на Нови Пазар со вредна донација.
Ситуацијата во овој српски град е навистина тешка поради пандемијата на коронавирус, а шокантни снимки од болниците се шират низ целиот свет.
Според „Телеграф“, Новак решил да и помогне на болницата во Нови Пазар и платил пет милиони динари (околу 2.5 милиони денари) за да ја обезбеди потребната медицинска опрема.
Самиот Ѓоковиќ е заразен со коронавирус, исто како и неговата сопруга Јелена. Немаат никакви симптоми, се чувствуваат добро и наскоро ќе бидат тестирани.
Новак претходно донираше еден милион евра на Србија во борбата против короната на почетокот на епидемијата, а истата сума ја донираше во болницата во италијанскиот град Бергамо, каде што коронавирусот беше жариште во Италија.