Со секое појавување на јавна сцена рускиот ММА борец, Хабиб Нурмагомедов, предизвикува огромно внимание. Светскиот шампион во УФЦ во лесна категорија, присуствуваше на презентација на книга, во која е опишан неговиот живот, на дури 320 страници.

По официјалниот дел од програмата, следувала конференција за новинарите кои побарале одговор од него на неколку „непријатни“ прашања. Едно од нив било поврзано и за неговата сопруга, која Хабиб ја држи во строга тајност. На прашањето дали можеби таа е Олга Бузова, сексапилната руска пејачка и ТВ водителка, Нурмагомедов дал негативен одговор.
- Таа не може да ми биде сопруга! Тоа не е вистина и ништо друго нема да можам да ви одговорам на таа тема, истакнал Русинот.

Нурмагомедов се ожени пред неколку години, а свадбата била во тајност и со неа има само неколку фотографии кои излегоа во јавноста. На една од нив можеше да се забележи дека се работи за млада девојка која е целосно покриена со бела венчаница.
Биографијата на Хабиб ќе излезе на пазарите кон почетокот на декември, а во неа, меѓу другото, може да се прочита и за последниот меч со Конор Мекгрегор.
- Мислам дека е подобро да продавам книга за алкохол и виски, додаде Хабиб, кој неодамна јавно се залагаше за затварање на ноќни клубови во Дагестан, поради серија убиства.