По тешката сообраќајна несреќа во 2016 година, по која се бореше за живот, Колби Стивенсон имаше среќа што остана жив. Повеќекратните фрактури на неговиот череп, напукнати ребра, па дури и скршените пршлени на вратот, во најмала рака ја оставија иднината на професионалното натпреварување неизвесна. За чудо, Стивенсон се врати за само шест месеци и скијаше. Дел е од ЗОИ во Пекинт. Сега, шест години по неговата средба со смртта, тој се качи на подиумот за да го освои сребрениот медал за скијање во слободен стил.