Мани Пакијао сака на секој начин да им помогне на луѓето од Филипините кои се борат со коронавирусот.
Пакијао пред неколку дена донираше 50.000 примероци за тест за коронавирус и 700.000 маски за лице и, откако му даде доверба на Филипините, е подготвен да се бори до крај.
“Ако сте лидер, мора да ги водите луѓето и да им покажете дека сте со нив. Не смеете да се скриете затоа што се плашите. Пораснав во сиромаштија, така што знам како се чувствуваат повеќето”, рече Мани и додаде:
„Не се плашам од болест и смрт. Ова е моја должност и не смеам да се кријам“.
Во моментов во Филипини има 462 случаи на коронавирус со 33 смртни случаи, а Пакијао ја стави во мирување својата боксерска кариера поради пандемијата.
Тој го имаше својот последен натпревар во јули минатата година кога го порази претходно непоразениот Кит Турман во Лас Вегас.