Чешката тенисерка Каролина Плишкова ќе игра во полуфинаето на ВТА турнирот во Штутгарт, Германија, откако синоќа во четвртфиналната фаза ја победи Елена Остапенко од Летонија со 2-1.
Летонката го доби првиот сет со 7:5, Плишкова во вториот возврати со ист резултат, а во решавачкиот трет сет беше 6:4.
Во полуфиналето денес ќе се сретнат: Вандевеј – Гарсија и Плишкова – Контавеит.
„ВТА Порше тенискиот гран при“ се игра за награден фонд од 750 илјади долари.