ДРУГИ СПОРТОВИ

Погледнете го овој застрашувачкиот нокаут

Популарноста на боксот со голи зглобови рапидно расте во светот на боречките вештини. Скршениците на прстите се почести, крвавите исеченици се поголеми и поизразени, а натпреварите често даваат застрашувачки нокаути кои ја креваат гледаноста на оваа дисциплина.

Едно такво нешто се случи синоќа. Американскиот борец по име Кејн Томлинсон Јуниор го нокаутира дебитантот Пет Саливан во меч кој траеше само 37 секунди на настанот BKFC: Knuckle Mania 5 во Филаделфија.

Томлинсон го удри со десен „надвор“, а Саливан беше во несвест уште пред да падне на јажињата на рингот. Останал да лежи неколку минути, му била укажана итна медицинска помош, но за среќа подоцна успеал да застане на нозе.