ДРУГИ СПОРТОВИ

Тенисерот Димитров на турнирот учествувал иако имал симптоми

Медиумите во Хрватска пишуваат дека тенисерот Григор Димитров учествувал на тенискиот турнир „Адриа Тоур“ иако имал симптоми на Ковид-19. Како што велат тие, тој одиграл еден меч, против Борна Чориќ, чиј тест исто така потоа бил позитивен, а веднаш по мечот го напуштил турнирот бидејќи не се чувствувал добро.

Веднаш потоа е откриено дека е позитивен, па по него исти резултати добил Борна Чориќ, но и тренерот на Новак Ѓоковиќ и уште еден тренер чие име не се открива.

Турнирот е откажан, а Новак Ѓоковиќ кој е организатор и покривител деновиве трпи големи критики.