Грчкиот тенисер Стефанос Циципас победи на АТП турнирот во Лион.
Циципас премногу лесно го совлада Британецот Камерон Нори во финалето на турнирот во Франција со 6:3, 6:3.
Гркот игра се подобро и подобро, а денес стигна до седмата титула за само 70 минути игра.
Првиот сет заврши со брејк во осмиот гем, а во вториот сет имаше два брејка и на крајот мирно дојде до триумф.
Нори обезбеди и добра игра на земја и на турнир кој служи како добра подготовка за Ролан Гарос, но сепак во финалето не можеше против фаворизираниот Циципас.