ДРУГИ СПОРТОВИ

ВИДЕО: Тешка несреќа на квалификациите, Шумахер со хеликоптер префрлен во болница

Мик Шумахер денеска доживеа тешка несреќа во квалификациите за Формула 1

Квалификациите за утрешното Гран При на Саудиска Арабија во моментов се прекинати поради страшната несреќа на Шумахер што се случи на почетокот на вториот дел од квалификациите.

Возачот на Хаас направи грешка во првиот дел од патеката кога изгуби контрола, а потоа речиси со полна брзина се заби во ѕидот.

Камерите престанале да го снимаат возачот на Хаас бидејќи било јасно дека несреќата е сериозна, а не знаеле во каква состојба е. Неколку минути подоцна беше објавено дека е свесен и дека разговарал со лекарите кои дошле да му помогнат.

https://twitter.com/0Linalan96/status/1507775905267126272

Шумахер потоа беше префрлен во медицинскиот центар на детални прегледи за да се увери дека е добро и дека нема сериозни повреди.

Хас пред неколку моменти потврди дека Шумахер е добро, и дека кога пристигнал во медицинскиот центар прво и се јавил на мајка си за да не се грижи.

Од тимот на Шумахер додадоа дека тој се согласил да направи детални проверки, и дека се уште не е јасно дали ќе го гледаме германскиот возач на утрешната трка.

Шумахер со хеликоптер беше префрлен во болница каде ќе му бидат извршени дополнителни прегледи, а потоа ќе биде донесена одлука дали ќе го гледа утре на стартот на трката за Големата награда на Саудиска Арабија.