Возачот на Ферари, Карлос Саинц, доживеа голема несреќа за време на денешниот тренинг во Монца, пред утрешното ГП на Италија.
Шпанецот загуби контрола над болидот и директно го погоди заштитниот ѕид на патеката. Помина без сериозни повреди, иако неговиот болид беше речиси преполовен.
Тој се врати на патеката дури по завршувањето на тренинзите, а неизвесен е неговиот настап на спринтерската трка, преку која ќе се одредат стартните позиции за утрешното возење.
Ова е втора несреќа на Саинц за кратко време, откако беше дел од инцидентот во Холандија на патеката Сендсворт.
https://twitter.com/i/status/1436652316057350154