Летечкиот Македонец, Игор Стефановски продолжува со својот поход до шампионската титула во Европскиот шампионат на ридски патеки. Иџе изминатиов викенд беше најбрз на патеката Сент Урсан во Швајцарија. Иџе триумфираше и на двете трки во Швајцарија, на првата постави и нов рекорд на патеката. Тој на социјалните мрежи објави видео од возењето и навистина човекот „лета“ на патеката.
Иџе порача:Знаеш ли како се станува шампион? Излегуваш на стаза држиш фулгас
